Чулев го бркаат од работа, тој откри дека има закани и уцени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
culev

Наќе Чулев доби суспензија, пред да му биде врачен и отказ од Агенцијата за разузнавање (АНБ), каде во минатото беше и директор. Тој повеќе не оди на работа и е раздолжен со АНБ. Причните не се откриваат, а Наќе Чулев на социјалните мрежи објави само дека тој е професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор. Отказот на Чулев доаѓа по 25 години работа во Агенцијата, а откако тој беше технички министер за внатрешни работи. Чулев имал и дисциплински постапки кои ги поведувале против него, но според сознанија на „А1он“ и пресуди каде тој добивал тужби поднесени против решенија на АНБ.

— реклама —

„Сите овие години бев во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија. Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери“, вели Чулев.

— реклама —

Тој решението за суспензија, која не неминовна пред да се врачи отказ, вели дека е поради политички прогон.

— реклама —

„Во изминатиот период во неколку наврати испратив јасна порака и денес повторно и недвосмислено повторно го правам тоа. Политичкиот прогон, сите притисоци, закани и уцени кон мене и другите припадници на безбедносната заедница нема да вродат со плод. Ние и понатаму ќе бидеме со полн капацитет во одбрана на Македонија и македонските интереси, а сите оние кои постапуваат незаконски ќе одговараат за тоа пред надлежните институции“, додава Чулев.

Тој смета дека Власта која ја нарекува „криминална“, удрила по него и професионалниот интегритет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања