Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Чувал повеќе од еден тон режан тутун во Љуботен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
20211119145247

Полицијата и Царинската управа во вчерашна акција доцна попладне нашла повеќе од еден тон илегален режан тутун во Љуботен.

— реклама —

Лишен од слобода е А.Ќ.(31) од село Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Тутунот бил пронајден во неговото патничко возило „ауди А4 караван“, со скопски регистарски ознаки и при претрес во неговата куќа во Љуботен, извршен со судска наредба.

— реклама —

Биле пронајдени 750 пакувања со режан тутун, со вкупна тежина од околу 224 килограми, како и 865 килограми тутун во лист, машина за производство на режан тутун, поголема количина на амбалажа за пакување тутун со различни натписи од повеќе видови тутун, ваги за мерење, опрема и картонски кутии за пакување на тутун.

Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања