Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска и обвинет во процесот за нејзиното грабнување и убиство, побара од судот да му дозволи да помогне во расветлување на целиот случај. Ѓорчевски, кој кога Вања беше исчезната самиот водел истрага за да го најде девојчето, рече дека работата би ја расчистил со имиња и презимиња. Смета дека тоа му е должност како родител.
„Чувствувам болка и агонија која не може да се објасни со зборови. Но сепак, од друга страна чувствувам и обврска и кон Вања и кон Мина, нели... Дека се ставам на располагање, за да се разреши целата оваа работа и конечно во детали, со имиња и презимиња. Со тоа што го наведе мојот адвокат, кога дефенитивно ќе се потврди, тогаш ќе бидам слободен. Тогаш нема да бидам на располагање на судот, тогаш ќе ја барам Вања“, рече Ѓорчевски.
Тој е обвинет дека му дал информации на Љупчо Палевски-Палчо, обвинет како планер и реализатор на убиствата, со давање информации кога Вања ќе биде сама и кога да ја грабнат. Но и двајцата, негираа дека се познаваат и дека некогаш имале било каков контакт. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, посочи дека тоа го говорат и доказите на Обвинителството, а во детали образложуваше за случајот.
Ѓорчевски во солзи, додека адвокатот зборуваше: Децата биле сопственици на становите на Александар, обвинението е без клучни докази, тој нема вина
Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски, кој пак е татко-обвинет на убиената Вања Ѓорчевска, кажа дека ќе докажат дека нема никаква вина. Според Туфегџиќ, ќе докажат дека нема поврзаност помеѓу Ѓорчевски и другите обвинети во постапката. Адвокатот беше дециден дека обвинителот нема ниту еден доказ за било каква вмешаност или контакти.„Имајќи го предвид описот на поднесениот обвинителен акт за обвинетиот Александар Ѓорчевски, одбраната со предложените вербални и материјални докази ќе д
Македонија | пред 1 година