Градоначалникот на Лозово, Бошко Цветковски на социјалните мрежи објави дека на наредната седница на Совет на Општина Лозово, ќе побара да се изврши пренамена на поголемиот дел од финансиските средства предвидени за Новогодишно украсување и истите да ги употребиме за затворање на плафонскиот дел од домот каде што живее семејство на лица со попреченост.
„Денес земав учество на обука организирана во рамки на проектот ,,Од попреченост до обезбедност со храна" (From Disability to FoodAbility) поддржан од Шведската организација за развој We Еffect иб Radiohjalpen, кој има за цел социо-економско зајакнување на лицата со попреченост во руралните средини каде како надворешна експертиза наполето на лица со попреченост е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје.
Ги информирав дека на моја иницијатива е поставена точка на дневен ред, токму на наредната седница на Совет на Општина Лозово, со која ќе барам од Членовите на Совет да извршиме пренамена на поголемиот дел од финансиските средства предвидени за Новогодишно украсување и истите да ги употребиме за затворање на плафонскиот дел од домот каде што живее семејство на лица со попреченост.
Се надевам на конструктивност од сите советници и поддршка на оваа иницијатива.
п.с. Секој заслужува место под сонцето и на сите ни треба многу малку за да предизвикаме насмевка“, додава тој.