Д-р Демири: До денеска немам евидентирано пациент кој е починат, а редовно вакциниран, без коморбидитети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20220201144622

За инфектологот д-р Илир Демири од Инфективната клиника во Скопје сојот омикрон воопшто не е лесен како што тоа се прикажува во јавноста. Според него, ова се должи на неговото искуство и секојдневниот ангажман на клиниката каде се лекуваат потешките случаи.

— реклама —

-Оваа варијанта е полесна кај поголемиот број од популацијата, но не треба да се заборава дека добар дел што лесно ја прележуваат болеста се вакцинирани против ковид. Кај одредена популација која е невакцинирана и омикрон варијантата придонесува кон тешка клиничка манифестација. Охрабрувањата од типот дека омикрон е полесен и полесно се поминува, не држи од клинички аспект. Од мое лично искуство, без да се ослонувам на научни факти, можам да кажам дека до ден денеска немам евидентирано ниту еден пациент кој е починат, а редовно вакциниран, без коморбидитети. Иствовремено, сум сведок на многу пациенти кои починале без коморбидитети, но не биле вакцинирани. Сакам да апелирам до јавноста дека единствената мерка би не заштитила е вакцинацијата. Само тоа ни е спас. Од сите кои се починати треба да се направи една посебна статистичка обработка, но 90 проценти од починатите се невакцинирани, имавме и млад живот кој го изгубивме. Пациентот беше невакциниран, со дополнителни здравствени состојби, односно хипертензија и обезност. Жалосно е пациент да живее во Скопје и да не е вакциниран, жалосно е, рече д-р Демири.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања