Д-р Стевановиќ за РСЕ: Ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио нема да ни избега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
stevanovic

Ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио нема да ни избега, вели директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Милена Стевановиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) зборувајќи за состојбата со коронавирусот во земјава.

— реклама —

Докторката одговара на прашањето, во кое сценарио би ја сместила Македонија од трите што ги предвидува Светска банка за земјава во зависност од употребата на мерките: првото дека ќе се заразат 25 проценти од населението, второто – 50 проценти или третото дека ќе се заразат 80 проценти.

„Секако ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио од која било категорија нема да ни избега, мораме да севратиме на однесувањето и на зборувањето за да не се случат овие црни сценарија. А тоа е навистина толку многу пати повторено на сите различни нивоа, во смисла да се допре до сите различни таргет цели за примена на овие препораки и информации“, вели Стевановиќ, за slobodnaevropa.mk.

— реклама —

Во интервјуто таа предупредува и на тоа дека не треба да дозволиме да почнеме да веруваме дека постои вирусот дури тогаш кога некој наш близок ќе има потреба од болница и од сериозно лекување.

Интервјуто во целост со доктор Милена Стевановиќ може да го погледнете на овој линк. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања