Да и помогнеме на младата Сања Велковска од Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
273450178_630275634948580_438193677565625924_n

Сања Велковска од Штип боледува од реумативен артит. Поради сериозноста на болеста се направени повеќе од десет операции на нејзините екстремитети со вградување на вештачки протези во клиниката Жан Митрев во Скопје.

— реклама —

„Пред повеќе од две години ја повредив левата нога па мораше под итно да се замени протезата и од тогаш почнува мојата голгота драги мој , прво што направивме се обративме во клиниката Жан Митрев но поради високата цена и нашата финансиска ситуација не се оперирав.

— реклама —

Отидовме во државна болница каде за операција чекав повеке од една година могу ми ветуваа но од ветеното за жал ништо не се оствари а чекав повеќе од една година .Маката не натера пак да се обратиме во клиниката Жан Митрев каде ми побараа 15000 евра за да ме оперираат се согласивме обезбедивме пари ние си знаеме како и отидов на таа операција која за жал не беше успешна.

— реклама —

Ми го извадија коленото а друго не успеа да ми вградат при што јас останав повеке од една година врзана за кревет борејки се за својот живот , со мојата фамилија барајќи излез почнавме да лутаме од Државна Болница па во Болница 8 Септември па повторно во Жан Митрев но веќе никој не сакаше да ме оперира едни се бранеа дека нема протеза другите дека немаа можност и услови за таква операција со еден збор ме оставија на милост и немилост да бидам искрена .

Не ми остана ништо друго освен да испратиме документи во Бугарија за да видиме дали ке се нафати некој за да ме оперира таму , ни јавија дека ке дадат се од себе и ќе ме оперираат но за жал тоа мене и мојата фамилија ќе не чини повторно од 15000 до 20000 евра а ние ги немаме тие пари.

Сограѓани мои ве молам покажете ја вашата солидарност за да можам да го продолжам овој тежок живот во кој сум врзана за кревет сакам и и јас нормално да живеам борец сум и ќе се борам додека има и најмала надеж за мене потребни сте ми ве молам од срце помогнете ми и на мене и на мојата фамилија да ја добиеме оваа животна битка“, вели Велковска.

Трансакциска сметка : 200000809868512

Стопанска Банка Ад Скопје (Сања Велковска)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања