„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Да им се одземат бугарските пасоши на тие што на пописот нема да се декларираат како Бугари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bugarski-pasos-960x639

Фондацијата „Македонија“ ќе испрати писмо до претседателот на Народното собрание и до претседателот на државата со цел, да се воведат промени во Законот за бугарско државјанство, пишуваат бугарски „Факти“.

— реклама —

-Да им се одземе бугарското државјанство на оние лица, кои во Македонија се декларирале со различна етничка припадност од бугарската, а имаат добиено бугарско државјанство врз база на етничката свест како Бугари. Тоа е прикажување на невистините информации пред службите и органите на Бугарија, изјави за БНР, Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“.

Според него, Бугарија прави клучна грешка во текот на последните 30 години, а во врска со почетокот на пописот Стојанов вели:

— реклама —

-Јас секојдневно работам со илјадници луѓе од Македонија. Вчера имав над 50 разговори, зашто почна официјалното пребројување. Попишани се 91.681 лица. Според мои внатрешни информации, како Бугари се изјасниле само 72 лица. Многу важно е да се каже дека има 130.000 илјади бугарски државјани од Македонија, кои добиле бугарско државјанство врз основа на бугарското потекло и декларираната бугарска етничка свест заверени на нотар. Поголем дел од тие 130.000 лица веројатно не живеат во Македонија и нема да учествуваат во пописот, а тие што живеат таму имаат законска обврска да се попишат како Бугари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања