На некогашниот Ден на републиката, 29 ти ноември, кога пред 75 год на Втотрото заседание на АВНОЈ е создаддена нова Југославија, списанието „Космо“ од Австрија објави напис за тоа што би било кога денес би се обновила државата што се распадна во 1991 год, објави весник.мк.
Месечникот со тираж од 120.000 примероци чија целна група е многубројната ексјугословенска колонија во Австрија, наведува пет факти засновани на претпоставки од експерти, меѓу кои се издвојува таа за просечната плата од околу 1.400 евра!
- 1.21 милиони жители
Толку луѓе би живееле денес во Југославија, во случај Косово да припаѓа и на новата Југославија. Ова би ја направило Југославија едена од десетте најголеми земји во Европа – поточно осма најголема земја. Тоа би биле 2 милиона жители помалку отколку во 1991 год, кога СФРЈ имаше 23 милиони жители. Станува збор за етничка структура, во неа денес би живееле 3 проценти Срби, 20 отсто Хрвати, 11 отсто Албанци, 9 отсто Бошњаци, 8 отсто Словенци, 9 отсто Македонци, 1 отсто Црногорци и 10 отсто останати.
- Годишна просечна плата 16.291 евра
Просечниот граѓанин на обновена Југославија би имал годишна плата од 16.291 евро. (1357 месечно – н.з) реунификацијата во овој поглед посебно би им се исплатела на косоварите, бошњаците, србите, македонците и црногорците. За да се докаже ова, само примерот на Македонија е доволен: таму просечната плата изнесува 399 евра.
- Посилна економска позиција
Бруто национлниот производ на новонастанатата Југославија би изнесувал 191,045 милијарди долари. Ова би ја ставило Југославија на 53 место во светот во смисла на силата и на големата економија.
4.Југолсавија како европски играч
Дека Југославија имаше да каже многу повеќе како држава и денес ќе имаше главна улога на преговарачките маси на Европа и во светт, убеден е и познатиот американски политиколог Фил Батлер. Тој тврди дека Југославија денес би била една од цантралните држави во Европа и дека со Југославија би преживеало движењето на неврзаните. Како резултат на тоа Европската унија не би имала „монопол“ во Еропа и би имала помалку да каже геополитички. Батлер е подржувач на тезата дека распаѓањето на Југолсвија од страна на запад – особено мотивот за слабеење на една силна држава е намерно промовирано.
- Спортска моќ во светот
Кога повторно би имало југословенски репрезентации и спортисти кои би се натпреварувале под југословенско знаме, тогаш Југославија би била, несомнено меѓу првите пет спортски сили во светот. Јасно е дека Југославија би била апсолутна светска сила, особено во екипните спортови, како што се кошарка, фудбал, ватерполо и ракомет. Ова може да се докаже со успехот на Хрватска на Светското пренство во фудбал и на србија на кошаркарските турнири.
Извор весник. Мк