Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Да се биде потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за мене е вистински мотив и предизвик, вели Муцунски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
mucunski-696x465

Денеска на Централниот комитет на партијата добив огромна чест да бидам избран за потпретседател на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, вели градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Да се биде потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за мене претставува вистински мотив и предизвик, да продолжиме да ја градиме партијата, да ја развиваме демократски и да работиме за уште една убедлива победа на следните избори.

— реклама —

Сакам да се заблагодарам на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и на членовите на Централниот комитет за укажаната доверба, но и на целокупното членство кое стои заедно со нас во овие времиња исполнети со предизвици.

Уште во мојата кампања за локалните избори, најавив дека од нас започнуваат промените во владеењето во нашата држава и ве уверувам сите дека ова ВМРО-ДПМНЕ ќе биде вистински промотер на добри политики.

— реклама —

Како политичка партија остануваме најцврст гарант за зацврстување на државноста, независноста, мирот, стабилноста, безбедноста, економскиот развој и историскиот континуитет на Македонија. Време е да ја создадеме иднината и активно да придонесеме за подобро утре за сите нас, но и идните генерации!

— реклама —

Да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Македонија“, напиша Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања