Активистката Ана Глигорова реагираше на социјалните мрежи по објавата дека Евреите си заминуваат од Куманово.
„Да се дигнеше оваа малограѓанштинава против трговциве со бело робје, злоупотребување на мали деца кои питачат по семафориве, детска порнографија и проституција, дилање на дрога во сред бел ден, полни подруми со автоматско оружје,... Тоа тие не го гледаат, а го ГЛЕДААТ секој ден кога дете од 10 години ќе им застане пред очи да пита. Им пречат на билмезите луѓе чудно облечени за кои некој им кажал,а тој некој чул од друг некој, па од некој на тој. Заради нетолеранција и тесноградост ќе стенкаме со стотици години“, вели Глигорова.