Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Да се намали ДДВ-то за горивата од 18 на 5% - нов предлог стигна во Собрание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

СДСМ по итна постапка поднесе предлог-закон за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 5% за да се ублажат инфлаторните притисоци и да се заштити животниот стандард. Измените ги опфаќаат сите моторни бензини и дизел. Сања Лукаревска посочи дека горивата влијаат врз транспортот, храната и другите цени, па намалувањето би ја олеснило потрошувачката кошничка. Според ДЗС, трошоците за живот во март 2026 се +4,9%, а храната +7,5%. Претходно ДДВ беше намален на 10% како привремена мерка.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДСМ по итна постапка поднесе предлог-закон за намалување на данокот на додадена вредност за горивата од 18 на 5 проценти, со цел ублажување на инфлаторните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

Пратеничката Сања Лукаревска изјави дека измените се однесуваат на сите видови моторни бензини и дизел горива, со што, како што посочи, директно ќе се влијае врз цените и потрошувачката кошничка.

— реклама —

„Со намалувањето на ДДВ-то се намалува ефектот врз вкупното ниво на цените, имајќи предвид дека горивата влијаат врз транспортот, храната и сите останати производи“, рече Лукаревска.

— реклама —

Таа предупреди дека растот на цените станува сè поизразен и дека економската криза, според најавите од Европската унија, ќе трае подолг период, поради што се потребни навремени и посуштински мерки.

— реклама —

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците за живот во март 2026 година се повисоки за 4,9 проценти на годишно ниво, додека најголем ценовен притисок има кај храната и безалкохолните пијалаци, каде растот достигнува 7,5 проценти.

Лукаревска нагласи дека поскапувањето на горивата има директен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните – од цената на храната до транспортот, што, како што рече, ја намалува куповната моќ.

„Не станува збор за луксуз, туку за поскапување на нормалниот живот“, истакна таа, додавајќи дека предложеното намалување на ДДВ-то претставува „посилен одговор“ на ценовниот удар врз граѓаните.

Со предлог-законот, СДСМ бара подлабока интервенција во фискалната политика, откако претходно стапката за горивата веќе беше намалена од 18 на 10 проценти како привремена мерка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

DJI_20250913161621_0169_D

ДДВ за купување новоизграден стан останува 5%

Македонија | пред 3 месеци

ujp

УЈП нема одговор зошто третина од граѓаните не ги добија парите од скенираните сметки

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

Ќе има ДДВ за пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, ама граѓаните нема да плаќаат повеќе

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

Нарачките од Тему и Али експрес поскапуваат

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања