„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Да се стимулира изучување на јазиците на другите заедници, одлучи Оперативното тело за развој на концептот за едно општество во Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
telo

На првиот состанок на Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализами е заклучено дека има голем исчекор во делот на социјалната кохезија, за што голем удел има и Оперативниот план за „правична застапеност“ при вработувањата во приватниот сектор  Огромна е важноста од модификација и прилагодување на образовниот систем и стимулирање на принципот на изучување на јазиците на другите заедници, што би требало да се стимулираа со стипендии, како важен фактор во градењето на интеркултурализмот, објави 360stepeni.mk.

— реклама —

Тоа е еден од заклучоците од првиот состанок на Оперативното тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам, на кој биле презентирани постигнатите резултати и се разгледани состојбите и предизвиците во спроведувањето на Националната стратегија за развој на концептот едно општество за сите и на интеркултурализмот (2020-2022 година).

Нагласена е и важноста на родовата еднаквост при вработувањето, особено во помалите етнички заедници и што поголема вклученост на младите, како што се посочува, не само како советодавен, туку и како имплементирачки фактор во креирањето на политики.

— реклама —

Заменик-претседателот на Оперативното тело, министерот за правда Бојан Маричиќ. истакна дека ова Оперативно тело, како сложено меѓуресорско тело составено од 17 члена – претставници на државни институции и експерти, е резултат на исклучително важен ангажман во рамки на Националната стратегијата едно општество. Во него членуваат првиот вицепремиер Артан Груби, кој е претседател на Оперативното тело, како и министрите за образование и наука, Мила Царовска, за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, за култура Ирена Стефоска, за локална самоуправа Горан Милевски и Народниот правобранител Насер Зибери.

извор:360stepeni.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања