Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Да си ја вратиме земјата во наши раце, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Untitled-1

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија! И за Македонците! И за Албанците! И за Турците! И за Србите, Власите и Бошњаците, Ромите, Египќаните и сите останати! Тука сме за сите ограбени, понижени и обесчестени граѓани на Македонија! Им подаваме рака на сите! Придружете ни се во нашата борба за нашата мајка Македонија, кажа претседателот проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашниот протест пред владата по мотото - Премногу е, изјави Христијан Мицскоски на вчерашниот митинг пред владата.

— реклама —

Тој потенцира дека ни е потребно е обединување и општествена поддршка. Кажа дека нема инстант победи, но дека ВМРО-ДПМНЕ почнува и од сега па натаму продолжува низ градовите и улиците да се бори. До конечен пад на оваа корумпирана и криминална власт.

— реклама —

„Ми велат - има ли светло на крајот од тунелот. Јас велам има! И јас не само што го гледам тоа светло, туку ве повикувам заедно да чекориме до тоа светло! Светлото на крајот од тунелот значи да ја промениме власта и да обезбедиме сите наша заедничка перспектива и иднина.

Да ја вратиме надежта и еланот во нашите срца како тој 8 септември 1991 година. Овие избори да не бидат избори за власт, туку референдум за Македонија. Да дојде нова генерација способни луѓе која ќе направи нов пресврт, нова страница и нова епоха за Македонија“, потенцира тој.

— реклама —

Претседателот кажа и дека мора да обезбедиме повеќе работни места, повеќе пари за граѓаните. Напредок во културата, здравството и образованието. Буквално да се постават темелите на новиот патриотизам.

— реклама —

Да си ја вратиме земјата во наши раце, во рацете на народот, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, заклучи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања