„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Да умреа 36 кучиња во еден ден ќе имаше протести“, доктор Лазаров револтиран од бројот на починати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
grcija-korona-2

Специјалистот Ненад Лазаров, матичен доктор од Скопје, го искоментира енормно големиот број на починати во последното деноноќие. Според денешната статистика, како последици на коронавирусот, починаа 36 лица. Од почетокот на пандемијата до сега, ова е 21 лош ден, кога во прашање се изгубените животи по зараазување со вирусот.

— реклама —

„Денес има 36 починати. Да умреа во еден ден 36 кучиња или мачки протести ќе имаше сигурно.Психопатологија на најјако“, напиша Лазаров.

Во последните 24 часа се направени 6.654 тестирањe, а регистрирани се 1.037 нови случаи на КОВИД-19. Професорот Дејан Трајковски кој предава на Техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола направи анализа на смртните случаи во Македонија, како последица на коронавирусот. Од неговата објава може да се заклучи дека од почетокот на пандемијата до сега, дури во 20 денови имало поголем број на починати лица од денешниот.

— реклама —

„Заклучно со денеска, 27.08.2021, бројот на починати од Делта сојот се искачи на 330, од околу 7.655 дијагностицирани, со што стапката на леталитет останува натпросечно висока, цели 4,31% – една од највисоките на светот“, пишува професорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања