Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Дали барањето на одбраната на Камчев да се изврши контрола во АНБ и да утврди дали има неовластени постапки ќе ја фрли во сенка редовната цивилна контрола на АНБ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
orce-kamcev-2

Откако Комисијата за надзор над службите закажа редовна надзорна посета на АНБ, кај претседателот на ова собраниско тело стигна и барање од адвокатот Менкиновски пратениците да испитаат дали Агенцијата ги пречекорила овластувањата во случајот со притворањето на бизнисменот, врз основа на индиции за бегство

— реклама —

Додека членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на безбедносно-разузнавачките служби ја подготвуваа првата надзорна посета на новоформираната Агенција за национална безбедност (АНБ), што е закажана за утре (понеделник), во парламентот стигна барање од адвокатот Тони Менкиновски со кое, според информациите, се изразува сомневање дека Агенцијата ги пречекорила овластувањата во случајот со бизнисменот Орце Kамчев, кој е во притвор, Објави 360stepeni.mk.

Во дописот до претседателот на собраниската Комисија за надзор над АНБ и над АР, Љупчо Пренџов од ГРОМ, адвокатот Менкиновски бара ова парламентарно тело да изврши контрола во АНБ и да утврди дали има неовластени постапки, злоупотреба и други неправилности во случајот со притворањето на Камчев и дали е постапено врз основа на судски наредби за спроведување мерки за тајно собирање информации и следење на комуникации.

— реклама —

Според информации на „360 степени“, барањето на адвокатот на Камчев стигнало во собраниската архива на 26 март или три дена по седницата на Комисијата за надзор над АНБ и АР, на која е донесен зклучокот за надзорна посета на АНБ на 5 април, а неколу дена подоцна и на Агенцијата за разузнавање. Според тоа, ова барање не е разгледано на седница на Комисијата, ниту, пак, е составен дел од заклучокот за спроведување на надзорот на АНБ, каде што ќе одат во контрола неколку пратеници од опозицијата и од мнозинството, кои се членови на надзорното собраниско тело и имаат безбедносни сертификати.

Затоа, пак, многу веројатно е барањето во врска со Камчев да ја фрли во сенка редовната цивилна контрола на АНБ, така што „истрагата на пратениците“ би се фокусирала на случајот со осомничениот и притворен бизнисмен, а не на целокупната работа на Агенцијата, која профункционира во 2019 година, откако згасна УБК, а согласно со препораките на експертскиот тим на Рајнхард Прибе за реформа на безбедносните служби и за засилен парламентарен надзор над нив, по аферата со масовното прислушување.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања