„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Дали другарот на Груевски, Александар Трајковски водел дупла архива во Царина?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
trajkovski-gruevski

Дали во Царината се водела дупла архива? Дали документи што доаѓале на адреса на Царинската управа завршувале во ВМРО-ДПМНЕ? Дали архиварот го почитувал кодексот на работење? Овие прашања се поставуваат во и надвор од Царинската управа, откако институцијата соопшти дека ќе испита имало ли злоупотреба во отсуството од работа на Александар Трајковски, кој додека користел боледување беше фотографиран во Будимпешта со поранешниот премиер Никола Груевски. Трајковски во Царинската управа работи како архивар.

— реклама —

„Архиварот ги отвора сите документи без ознака за тајност. Но од каде да знаеме дека не копирал и доверливи документи за партиски потреби. Во архива стигнува документација за јавни набавки, за стоки за двојна употреба, документи со цени, такви каде што има податоци за контроли и за истраги... сè до фактури за службени трошоци“, неофицијално укажуваат извори од Царинската управа.

Официјално, Царинската управа соопшти дека инспектори од Секторот за професионална одговорност од Трајковски побарале изјава за отсуството и тој доставил извештај за привремена спреченост за работа, поврзан со неговото отсуство. Исто така, отворена е истрага и побарани се докази и извештаи од Фондот за здравствено осигурување.

— реклама —

Повеќе тука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања