„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Дали еколошки се прегледуваат увезените пловни објекти?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Охрид вчера доби уште еден пловен објект. Новиот брод „Будимпешта“ беше транспортиран според правилата за вон габаритен транспорт кој мора да биде со придружба, транспорт кој се користи за сите пловни објекти кои се подолги од 12 и пошироки од 2,5 метри.

— реклама —

Бродот во моментов е во каналот Студенчишта и истиот треба да се реновира, за да се подготви за престојнава туристичка сезона.

На социјалната мрежа фејсбук се огласи Дејан Пановски, член на координативниот тим за спроведување на Проектот „Дримски басен“ .

— реклама —

Пановски е човекот кој постојано реагира кога има опасност за езерото. Неговиот коментар на фејсбук, го привлече нашето внимание:

„Пловен објект ( не само овој денес) кој бил користен во друг екосистем неможе непрочистен и неисправен да се пушти да плови во Охридско Езеро, затоа што со себе носи организми или материи кои може да се опасност за нашиот езерски систем. А такви има десетици објекти во езерото па се поставува прашањето ,кој и како издава дозвола за увоз на користени пловни објекти во непроверена состојба посебно од аспект што тие со себе носат. Не сме свесни колкава потенцијална штета може да се нанесе“, напиш Пановски.

На овој пост коментираше капетанот на капетанијата на пристаништата на Македонија Горан Устијаноски. Тој вели:

„Апсолутно издржан коментар!!! Ние како Капетанија се занимаваме со техниката , механиката и безбедноста, но никогаш не пристапило барање за воведување на некое специјално барање во врска со оваа проблематика. Стојам на располагање да сум предлагач на таков член во законот, но ми треба дефиниција на тоа што би се барало, институција која ќе контролира од тој аспект и мерки како да се врши дезинфекцијата... Тоа треба да се врши на секој пловен објект кој прв пат влегува во езерото, не само во овој момент за новиот брод.

Да се надеваме дека ова прашање кое го зачна Пановски, ќе дојде до надлежните и сериозно ќе размислат за начинот на дефиниција кој би се применал на пловни објекти во ваков случај, но и на секој друг пловен објект кој прв пат влегува во езерото.

Иаку бродот „Будимпешта“, е Хидро бус за 150 патници. Бродот е идентичен како Галеб, Александрија 1 и Кристина Нова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања