Промени тема
Контакт

Дали и зошто се СДСМ нервозни од отчетите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, посочува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_20211003_210526_063

„Се надеваме дека СДСМ од читањето на отчетите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ барем ќе научи нешто и ќе почнат и тие со реализација. Во отчетите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе видат дека се реализирани или отпочнати 1090 проекти, од кои 166 се капитални. Во Отчетите ќе видат дека се отпочнати или завршени реконструкции и изградба на 206 патишта и улици, 33 градинки, 68 училишта, 96 игралишта и паркови, 111 водоводи и канализации, санирани 200 депонии“, посочи ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат:

— реклама —

„Патем овие проекти се реализираат во услови кога градоначалниците се соочуваат со десетици милиони евра долгови оставени од нивните претходници од СДСМ, во услови на континуирано намалување на дотациите кои владата треба да им ги дава на општините, во услови на енергетска криза која Владата ја донесе, а општините ја плаќаат. Но и во вакви услови и со вакви опструкции, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ реализираат проекти и тоа создава нервоза кај СДСМ. Народот сега гледа дека можело да се работи и да се сработи. Разликата е очигледна.

— реклама —

Впрочем СДСМ е нервозен и од тоа што нивните градоначалници ги нема никаде да поднесат отчет за сработеното во овие 100 дена, затоа што едноставно скоро им е една голема НУЛА.

— реклама —

Проектите се тие кои носат промени за подобра иднина“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања