Промени тема
Контакт

Дали има обид преку какофонија да се замајува јавноста, додека се подготвува нова распродажба на националните интереси, прашува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Stavovi-Osmani-Maricic

Власта излегува со контрадикторни ставови во однос на разговорите со Бугарија. Едно говори министерот за евроинтеграции Маричиќ, друго кажува министерот за надворешни работи Османи. По однос на односите со Бугарија едниот вели дека “Не би сакале да дискутираме и да се врзуваме со рокови“, другиот вели “Сите прашања, да бидат меѓусебно поврзани во еден роковник, во рамки на еден договорен пакет“. Дипломатијата и дома и надвор остава впечаток дека функционира како раштиман оркестар, без стратегија и план, па не е ни чудо што сме на вакво дереџе, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Се поставуваат прашањата:

— реклама —

• Има или нема рокови за решавање на прашањата со Бугарија?

• Има или нема координација и стратегија на двајцата повикани министри?

— реклама —

• Или пак ова е обид преку какофонија да се замајува јавноста, додека зад завесата се подготвува нова распродажба на националните интереси?

— реклама —

Власта на заевизмот покажа во минатото дека пазарџиски води дипломатија по принципот купи ден помини на штета на македонскиот интерес, а денешната контрадикторност уште повеќе потврдува дека не треба да се верува на збор на функционери од власта на ДУИ и СДСМ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања