Промени тема
Контакт

„Дали изведувачот на зградата „Шилегов“ има врска со тендерите на Скопје?“, прашува Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Stoilkovski-04.09

Петре Шилегов пред луксузната зграда – дивоградба, нема поставено ниту задолжителна информативна табла, табла со имиња на проектантот, инвеститорот, изведувачот, кој врши надзор над работата, најважното - бројот на дозволата за градење, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Па, Шилегов, имаш ли ти воопшто дозвола за градење? Кој ти ја издал таа дозвола за градба над дозволеното? Колку комуналии имаш платено за тоа?

Тече рокот Шилегов да го покаже јавно документот од Општина Карпош, дозволата, согласно којашто тој излегува од висината која што е норматив за овој урбанистички реон.

— реклама —

А, покрај дозволата за градба, Шилегов, нека покаже и склучениот договор со изведувачот! Дали е тоа фирма којашто има некаква врска со тендерите во  Град Скопје? Дали е тоа фирма -блиска до јавните претпријатија на Град Скопје? Има ли Шилегов некаква уплатница, уплата, финансиска трансакција кон таа фирма? Дали се работи за компензација? Или можеби благодарница за добиен тендер, работа за Град Скопје или јавно претпријатие под Град Скопје?

Почитувани,

Десетина дена за семејната зграда на Шилегов збори и се скандализирана сета јавност, само инспекциските служби, ниту  од урбанизам на Карпош, ниту Државниот инспекторат за урбанизам никаде ги нема!

— реклама —

Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов“, вели тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања