Промени тема
Контакт

Дали Ковачевски преговара со Бугарија и за Делчев, прашува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-01-18-at-09.16.46

СДСМ на чело со пиунот Ковачевски не се одважи и не ја поддржа Декларација за Гоце Делчев поднесена во Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со одбивањето на оваа Декларација се отвора сериозен сомнеж дека Ковачевски со Бугарија преговара за Гоце Делчев, а со тоа и за целокупната револуционерна борба за македонска државност.

— реклама —

СДСМ веќе 4 дена не одговори што е спорно за нив во Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Не одговорија дали за нив е спорно што со Декларацијата се бара да се спроведат активности во училиштата со кои учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев, или пак за нив е спорен повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод јубилејот.

— реклама —

Ги повикуваме СДСМ да ја прочитаат Декларацијата поднесена во Собранието. Воедно да се вразумат и да се откажат од брзоплетите реакции и да ја прифатат оваа Декларација се со цел да се заштити ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

— реклама —

Очекуваме национално единство и донесување на оваа Декларација по повод 150 годишнина од раѓањето на Делчев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања