Промени тема
Контакт

Дали намерно се подметнал пожар за да изгорат одредени материјали, каков криминал се штити, вели Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
stoilkovski

Пожарот во бараките на ЈП „Улици и патишта“, кој ја опустоши документацијата и целокупната архива за работењето на ова претпријатие, е четврти пожар по ред во државна институција.

„Уште е нејасно што сѐ изгорело, кога и како избувнал пожарот и која е причината за тоа. Дали станува збор за намерно подметнување пожар со цел да изгорат одредени материјали и доколку е така, каков криминал се штити? Пожарот во ЈП ‘Улици и патишта’ доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за животна средина, Министерството за правда“, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и ги повикува ОЈО и надлежните институции детаљно да го истражат случајот, да се ослободат од притисокот на власта и да работат исклучиво по слово на законот.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања