Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Дали Нова Година чинела 300.000 евра, прашува Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Marija-Miteva02102021

Петре Шилегов повторно крие: колку пари потроши за организација на Нова Година, за која што прво се колнеше нема да чини ништо? Почитувани, според договорите и документите организацијата чинела не нула, не 80, туку речиси 300 илјади евра! И тоа директно од буџетот 200.000 евра, а наводно според спонзорства уште 100.000 евра, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Шилегов мора да одговори, што е точно, дека прославата чинела нула денари, или дека чинела 80 илјади евра, или сепак сето чинела 300илјади евра? Тоа се пари од граѓаните, наши пари и Шилегов мора конечно да одговори: Што сокрива Шилегов во врска со оваа прослава?

— реклама —

Шилегов мора да одговори и зошто Комисијата за заштита на конкуренцијата посочува дека фирмата ДВД ПЕТ дека била фаворизирана, а таа е истата фирма со која што Петре Шилегов има договори преку Универзалната сала, којашто инаку не работи пет години, и преку МКЦ, двете ЈП под Шилегов?

— реклама —

Зошто организацијата е дадена на ЈП коешто нема свое озвучување, кое бара потоа на незаконски начин партнер во организацијата, и за потоа речиси 90.000 евра да се дадат за изнајмување опрема, од кои поголем дел на фаворизираната ДВД ПЕТ?

— реклама —

Дали преку изнајмувањето на опрема по нереални цени, всушност не се извадени пари од буџетот за да се плати и концертот кој што требаше да биде платен со спонзорства? Дали затоа е избрана МКЦ, а потоа незаконски и спротивно на договорот е баран партнер во организацијата, за да се сокрие патот на парите?

Почитувани,

Шилегов молчи и не кажува дали е точно дека за оваа прослава дочек на Нова Година 2020 е предметот на ДКСК, дали тој веќе е изработен, дали се најдени недоследности, и дека за тоа случај ќе поведе и ЈО?

Прослава на плоштад од 300 илјади евра е премногу, ако се има предвид колку Шилегов го остави запуштен градскиот плоштад, девастирано Скопје, пропаднат плочник во центарот на градот, без ниеден капитален проект за Скопје.

Почитувани,

Петре Шилегов и неговите договори ќе бидат предмет на ревизија по смената на градската власт“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања