Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Дали преку Груевски и Камчев, Мијалков си ја купи слободата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

gruevski-2-1

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет во четири случаи на СЈО и тоа „Титаник 2“ за изборните измами, „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, „Трезор“ за незаконска набавка на опрема и „Тврдина и „Титаник“ за нелегалното прсилушување. Доколку се соберат предвидените затворски казни за делата за кои се гони, тогаш може да се каже дека на Мијалков му се заканува максимална затворска казна од 31 годинa затвор. Последно, вчера СЈО излезе со ново обвинение против ескдиректорот во случајот „Империја“.

— реклама —

„Империја“ му донесе и 30-дневен притвор на бизнисменот Орце Камчев кој во минатото беше тесно поврзан со Сашо Мијалков. Обвинителството и двајцата ги гони за исти дела, но Мијалков нема да му прави друштво на Камчев во ќелија. Симптоматични се судските одлуки за обезбедување на присуство, бидејќи, ова е прв случај против Камчев, а шести против Мијалков. Се отвора прашањето, како судот е сигурен дека Мијалков ќе остане во земјава, а Камчев ќе избега?

Камчев и Мијалков не се во добри односи подолго време. Во интервју, уапсениот Камчев ја потврди оваа информација, велејќи „не сме повеќе пријатели“, но не ги кажа причините. Двајцата во моментов ги поврзува едно, а тоа е СЈО и случајот „Империја“. Како Мијалков ја купи слободата, а Камчев го заслужи притворот ќе открие времето, а една од претпоставките е дека Мијалков застанал против поранешниот пријател за да се спаси себеси.

— реклама —

Слична е ситуацијата со експремиерот Никола Груевски за кого веќе има пресуда и треба да одлежи две години за набавка на луксузниот „мерцедес“, кој го истражуваше СЈО во случајот „Тенк“. Мијалков и Грувски се тесно поврзани, долги години беа потпора еден на друг. Гледано од роднинска страна, тие се братучеди.

Врските меѓу братучедите навидум изгледаат нарушени откако на чело на ВМРО-ДПМНЕ дојде Христијан Мицкоски, кој во минатото беше советник на експремиерот. Груевски бил главниот протагонист кога во прашање бил изборот на нов претседател на сега опозициската партија, се коментираше во јавноста. Новиот претседател, сега, го исклучи Мијалков од паријата бидејќи како што кажа, бил во „криминална коалиција со Зоран и Вице Заеви“. Груевски, во ниту еден момент не застана во одбрана на Мијалков, туку напротив рече „сакам силно ВМРО-ДПМНЕ“. Мијалков испрати две писма до Мицкоски, но доби само „сеен“ од него. Додека тие се препукуваат јавно, Груевски молчи. Низ ова се носи констатацијата дека Грувски крена раце од братучедот, а пак Мијалков го пушти низ вода Груевски. Единствена потпора на експремиерот е ВМРО-ДПМНЕ кои го бранат Груевски само преку соопштенија.

Интересен факт е и што прв решен случај на СЈО е токму „Тенк“, а сеуште не се знае кој прислушкувал, зошто го правел тоа, како материјалите дошле во рацете на неколку луѓе и кој се ги поседува. Нелогично е да се даде толку големо значење на случај како овој, кога нерешени остануваат клучни предмети како „Титаник“, „Трезор“, „Тврдина“, „Тортура“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања