Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Дали скопјани плаќале паркинг за функционерите на СДСМ и ДУИ, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
parking

Демократскиот сојуз е во власта на СДСМ за да на грбот на народот ползуваат бенефиции, додека сите плаќаат паркинзи тие ги злоупотребувале и дозволувале бесплатен паркинг за функционери, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Директори, министри и разни функционери од власта предводена од СДСМ и ДУИ со години паркирале низ Скопје без за тоа да платат ниту еден денар.

ДС молчи дали шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов, поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, Златко Марин од Аеродром со години не плаќале паркинг?

— реклама —

Дали за сите овие функционери на СДСМ и ДУИ не важеле закони, а паркинг за нив плаќале скопјани?

Додека возилата на граѓаните добиваат блокада или се носат во депото на Градски паркинг со пајак служба, автомобилите на функционерите на СДСМ и ДУИ можело да бидат паркирани било каде.

ДС има уште време да признаат и да кажат се што правеле. Во спротивно ВМРО-ДПМНЕ ќе објави регистарски таблички и други податоци за возилата на функционерите кои можело да паркираат каде сакаат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања