Дали Скопје е безбеден град за велосипедисти и пешаци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
velosipdska-pateka-2

Дали Скопје е безбеден град за велосипедисти и пешаци? Прашање со едноставен одговор, НЕ Е“, велат од Велосипедски клуб Оксижен и Македонската aсоцијација на планинински велосипедизам МАМБА

— реклама —

„Секојдневно сме сведоци на големиот број сообраќајни прекршоци и несреќи во кои многу често трагично завршуваат животите на велосипедистите и пешаците.

— реклама —

Апелираме до државните органи, органите на општините, општина Центар и Градот Скопје како и до сите учесници во сообраќајот да го зголемат својот придонес во заштита на животот и здравјето на луѓето. Впрочем тоа е и една од нивните основни обврски како државни органи кој работат во интерес на народот.

— реклама —

Министерството за Внатрешни работи континуирано се залага за проактивно спроведување на законските прописи но резултатите се ограничени и без некој видлив резултат напротив се повеќе сообраќајни незгоди и жртви има ширум Скопје и останатите градови во Македонија.

Контролата и регулирањето на сообраќајот како огромно значење за безбедноста на сите учесници во сообраќајот потребно е да се доведат до максимум а со тоа и минимизирање на сообраќајните несреќо кој за жал стануваат дел од нашето секојдневние.

Подолго време многу здруженија на граѓани апелираат за што поголеми заштити во сообраќајот и воведување на успорувачи на брзината на сите фрекфентни улици како и дополнително стеснување на лентите и поголем простор за велосипедистите и пешаците.

Дополнително веќе подолго време Министерството за Внатрешни работи на Македонија најавува систем за автоматско следење на сообраќајот како и казнување на сите прекршители преку автоматизиран систем на камери со што ќе се олесни работата на полицијата но сеуште се е тоа само на ветувања без реализација.

Постојат многу иницијативи за зголемување на сообраќајната култура и дисциплина и безбедноста на сите учесници во сообраќајот, дали било автоматски систем на камери за безбедност на сообраќајот или пак некоја друга иницијатива, сите тие досега останале на само ветувања од државните органи.

Апелираме до сите државни органи да ги реализираат сите нивни ветувања и да допринесат кон безбедноста во сообраќајот на сите граѓани на Македонија.

Секогаш следната жртва може да биде некој твој близок“, се вели во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања