Дали уставот е сменет без да се гласа? Гледаме ли партиски филм за собирање гласови?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
49577051_1958370597550146_8010545204576649216_n

Сите се на нозе. Владата „моли“ за уште ден пратенички глас, Беса се заканува или условот или нема гласање, опозицијата се приклучи на протестите против уставните измени, „Македонија блокира“ и партијата „Единствена Македонија“, одамна пред Собрние, а Меркел и останатите дипломати веќе не нарекуваат Северна Македонија.

— реклама —

Уставните измени во финална фаза денеска повторно пред пратениците во Собранието во рамки на 75. седница, откако вчера закажаната седница беше одложена и презакажана за денеска во 12 часот.

Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека се уште се во преговари со партијата Беса на Биљал Касами, која има два пратеника во Собранието, околу нивните барања за уставните измени, со фокус на начинот на кој ќе се дефинира државјанството и за заштитата на дијаспората.

— реклама —

– Не можам да кажам дали ќе гласаат 80 пратеници, или пак ќе бидат 79 или 82 или 88, никој тоа сега не може да го каже. Верувам дека процесот на разговори кој течеше дава можност да веруваме дека ќе се обезбеди потребниот број од 80 пратеници, тоа е конечната цел и за тоа разговараме, изјави Заев.

Протести и денеска пред Собранието, со цел пратениците уште еднаш да го слушнат гласот на народот, поточно нивната желба изразена на референдумот.

Додека во Македонија сеуште „се е неизвесно“ Германската канцеларка во дводневна посета на Грција, каде го подготвува теренот и во оваа земја потпишничка на Преспанскиот договор. За Меркел веќе сме Северна Македонија.

- Мислам дека овде станува збор за нешто за кое секој од нас знаеше дека нема да доведе до лесно решение, но сега со името Северна Македонија за сите нас и овде говорам во име на Германија, се создава јасност и ѝ дава можност на Северна Македонија да може да стане член како на НАТО, така и на Европската унија. Но, ова не е добро само за Северна Македонија, туку е добро и за самата Грција, рече Меркел.

Инаку Македонското Собрание на 19 октомври со 80 гласа ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. Иако потребното двотретинско мнозинство во правата фаза од менување на Уставот беше неизвесно до самиот почеток на гласањето, сепак во последен момент освен 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За втората фаза, која помина минатиот месец, беа потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници. За завршување на третата и последна фаза е потребно двотретинско мнозинство гласови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања