ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Далип: Египканите, па дури потоа Бугарите во уставната преамбула, поинаку не може

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
38754041_10209807827510741_2263297827683696640_o

Лидерот на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција за Египќани, Демир Далип на социјалните мрежи го сподели својот личен став и вели дека прво Египканите треба да влезат во уставната преамбула, па дури потоа Бугарите.

— реклама —

„Египканите, во континуитет од 1991 година, од кога и е нанесена голема неправда и несогледиви последици за нејзините преставници, во смисол на почитување на начелото на рамноправност и еднаквост, а потоа и степенот на соодветна и правична застапеност на Египканите во институциите на системот, се борат со сите сили, за да се елиминира таа неправда. Со, позиционирање во категоријата „и други“ практично е нанесена голема дискриминација на Египканите.

— реклама —

Ние, плакаме даноци, лојални сме кон државата, ги почитуваме институциите, а за возврат не можеме да го плодоуживаме правото на слободно изјаснување на етничката припадност, бидејkи сме како што истакнав сместени во елитниот „притвор“ ...и други. Хронологијата на акивностите на Египканите, по однос на ова прашање е долга над 30 години. И, за тоа, се добиени извештаи од ЕУ каде се нотирани нашите заложби, аргументирани и со цврсти докази укажани забелешки. Во таа демократска трка, за воллја на вистината, нашите сограѓани Бугарите се далеку далеку позади Египканите.

— реклама —

Да ви ја освежам малку меморијата и сеќавањето, дека после конфликтот 2001 година, имаше предлог, поднесен од страна на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за влез на Египканите во уставната преамбула, зад која застанаа сите пратеници од Охрид и Стурга и за тоа им благодарам. Јавно да му се заблагодарам на сега починатиот пратеник Амди Бајрам, кој, од денешна временска дистанца, сите увидуваме како се борел со „мангупите во политиката во Македонија“, па побара поединечно да се изјаснуваат за Предлогот.... Има, цела хронологија на активности и дејствија, кои ги чинеле Египканите, а сеуште и ги чинат, за да бидат еднакви и рамноправни со останатите етнички заедници, за да бидат соодветно и правично застапени но...???

И, да немаме дилеми, мојата теза е не само Бугарите, ами и сите кои се позиционирани во луксузниот „притвор“ ... и други, да бидат спомнати во Уставната Преамбула, бидејки, како што истакна еден виден професор, Уставот ни е со фалинки - ако ни е со фалинки, ајде да го средиме, на крајот на денот Уставот не е ниту куран, ниту библија“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања