Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Данела Арсовска е кандидат на „Белата Палата“ – споменик на урбаната мафија, реагира СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
sdsm

„ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за нерамномерниот развој на Скопје, а Данела Арсовска е кандидат на „Белата Палата“ – споменик на урбаната мафија ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно што го развиваше само центарот на Скопје со мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, каде што на 1 километар квадратен вложи над 700 милиони евра во барок, споменици и градби кои сега се распаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за сечење на зеленилото и бетонизацијата на Скопје и Водно, како и за урбанистички хаос создаден со гласање на урбанистички планови за задоволување на апетитите на урбаната мафија на Груевски“, реагира СДСМ.

— реклама —

Тие додаваат:

ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за нерамномерниот развој во Скопје, затоа што не инвестираше во периферијата, туку инвестираше стотици милиони евра во партиски музеи, партиски плоштади, партиски цркви и партиска „Бела палата“ – споменик на урбаната мафија во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно не само за зголемениот јаз меѓу центарот и периферијата, туку и за создавање поделби и конфликти меѓу скопјани од левата и десната страна на Вардар. Благодарение токму на напорите на градската администрација на градоначалникот Петре Шилегов, развојот на Скопје сега е порамномерен – не само меѓу центарот и периферијата, туку и помеѓу левата и десната страна на Вардар, кои сега се поповрзани и позближени.

— реклама —

И Ѓорче Петров – општината на Данела Арсовска - беше комплетно запоставена кога Груевски беше преокупиран со споменици, галии, восочни фигури, барокни фасади, плацови на Водно за „згради-мади“. Најголемите капитални инвестиции беа од урбаниот мафијаш Сеад Кочан – бизнис партнерот на Груевски и заменикот на Данела Арсовска во ССК, кој сега издржува затворска казна. За разлика од тогаш, сега во Ѓорче Петров се градат и реконструираат улици, велосипедски и пешачки патеки, се градат нови зелени површини, се расчистуваат депонии, се подобрува водоводната и канализациона мрежа, се реконстрираат и опремуваат училишта, итн.

Реконструиирани се над 4 километри улици (Ул. Ѓорче Петров, Ул. 4 јули, ул. Даутица ул. Стефан Филипович, ул. Пекњане, ул. Панко Брашнаров, ул. Исаја Маџоски, ул. Црногорска, ул 63 и ул. 65 – Волково), има нови и реконструирани велосипедски и пешачки тротоари (Ул. Ѓорче Петров и Ул. 4 јули), 1.800 метри реконструирана патека на Кејот на Вардар (кај очната болница). Има 6.400 m2 нови и реконструирани зелени површини, илјадници нови садници, а расчистени се и депониите во Ново Село и Ѓорче Петров - Клучка Словенија-Волково. Инвестирани се 36 милиони денари изградба на подобрување на водоводната и канализационата мрежа и 5,5 мил денари во училиштето Кочо Рацин (кое сега се реконструира), каде што се обезбедени и прочистувачи на воздух за секоја училница.

Скопје веќе не е за едни мајка, а за други маќеа, како што беше кога урбаните мафијаши од ВМРО-ДПМНЕ го бетонираа Скопје со мегаломаскиот проект „Скопје 2014“, кој ги продлабочи поделбите, конфликтите и разликите помеѓу центарот и периферијата на Скопје“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања