Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Данела е зачудена зошто СДСМ ја напаѓа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
danela-arsovska-8181

„Навистина сме зачудени од континуираните напади на СДСМ кон Град Скопје и градоначалничката Арсовска, околу енергетската криза и проблемите кои произлегоа околу загревањето на скопјани. Навистина е неодговорно однесувањето на оваа партија и на централната власт, која наместо да се зафати за решавање на овој проблем, со недели се обидува овој проблем да го наметне на Градот Скопје и локалните самоуправи“, стои во реакцијата од Град Скопје на прес-конфернеција на СДСМ.

— реклама —

Тие додаваат:

„Повторуваме, Градот Скопје и да сака не може да биде одговорен за проблемот со топлинската енергија во градот. Колку и да се обидува некој да прикаже поинаква слика фактите говорат дека цела одговорност е во рацете на Владата. Ниту градот Скопје има средства колку што има Владата на располагање, ниту има инфраструктура што ја поседува Владата да го реши овој проблем, па ниту има ингеренции.

— реклама —

Поради неодговорното однесување на централната власт и несериозниот пристап кон енергетската криза, сегашните мерки кои ги предлага и презема централната власт доцнат речиси половина година, кои за жал, веќе придонесоа за распространување на кризата и поскапувања на сите енергенси, прехранбени продукти и сл.

Дополнително, апелираме до СДСМ да бидат внимателни кога користат класификации како „одговорно управување на СДСМ “ и „деструктивното однесување“ за работата на институциите и општините, ако се земе предвид како СДСМ менаџираше со општините претходните 4 години и во каква руинирана финансиска состојба ги остави“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања