Данела ги лови граѓаните кои фрлаат отпад по улици и палат огнови, изрече 14 казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2022-01-17-at-12.44.14

Инспекторите и комуналните редари на Град Скопје во текот на викендот изрекоа 14 казни

— реклама —

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје, составени од комунални инспектори и инспектори за животна средина, изминатиов викенд изрекоа казни за палење оган на отворено, како и за недозволено фрлање отпад. Затекнати и санкционирани се лица кои палеле оган на отворено во Шуто Оризари за што се изречени две казни. Во општината Бутел, пак, во близина на последната автобуска станица на линијата број 57, фатено е лице како незаконски фрла отпад, за што истото е казнето.

— реклама —

Изминатиов викенд комуналните редари од Град Скопје изрекоа 11 казни на физички лица за непочитување на законските прописи и фрлале ѓубре на јавна површина во Градскиот парк.

— реклама —

Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања