Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Данела ги намали парите за животна средина, нема вака чист воздух во Скопје, вели Васев од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
mickoski-arsovska

„Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска наместо да ги зголеми ги намалува парите за животна средина. И тоа за три пати помалку. Ова е уште една во серијата погрешни одлуки на Данела Арсовска на штета на скопјани. За Секторот за животна средина за 2022 година во Предлог Буџетот на Град Скопје предвидени се 73 милиони денари. Три пати помалку од буџетот за оваа година кога поранешниот градоначалник Петре Шилегов обезбеди 213 милиони денари“, вели Стефан Васев од СДСМ.

— реклама —

„Во кампањата, Арсовска ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозгадувањето. Буџетот за 2022 покажува дека тоа било само една од многуте предизборни лаги на градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Намалувањето на средствата значи сериозен удар врз капацитетите кои се борат против загрозувањето на животната средина, а со ваков пристап на Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања