Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Данела сака Шилегов да и се извини оти ја навредил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
danela-arsova-2

Пред Петре Шилегов да повика на дуел, го повикав да се извини за сите навреди, но тој не се одважи да се извини. Кога ќе се извини, уште истиот ден ќе имаме дебата, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје на вечерашното гостување на „Топ тема“ на Телма.

— реклама —

Според неа, она што Шилегов го прави е само црна кампања.

– Верувам дека граѓаните ќе знаат да препознаат дека црната кампања е резултат затоа што Шилегов не работел четири години. Очекувам црната кампања да биде поизразена во наредните денови – рече Арсовска, посочувајќи дека таа не сака да влегува во дебати во кои тема е црна кампања, туку што треба да се направи за граѓаните.

— реклама —

На прашањето како ќе ги убеди жителите во Сарај, Чаир, Центар каде предност има Шилегов, Арсовска вели „Убедена сум ќе препознаат кој и што вети и кој тоа што го вети ќе го реализира“.

– Низ овие локални избори се докажа дека луѓето знаат да препознаат што е добро, квалитетно. Имав можност да одам таму да разговарам со граѓаните, зборувавме за нивните проблеми. И видовте дека имам добиено многу гласови. Во Центар разликата е минорна, некои околу 500 гласови, во Чаир и во Сарај верувајте ќе знаат да ценат, секаде каде што бев, граѓаните се соочуваат со основни проблеми – додаде Арсовска.

Според неа, без разлика на политичката определба, на граѓаните им е важно како ќе живеат.

– Затоа јас верувам дека тие сакаат да живеат подобро и сакаат тоа што им е ветено да се реализира – вели Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања