Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Данела во Шуто Оризари: Во 21 век луѓето газат по кал, прв ден по изборите ќе почнам со решавање на овој проблем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва повторно е меѓу граѓаните и на теренската активност од врата на врата ја презентираше својата програма за модерно Скопје пред жителите од скопско Шуто Оризари.

— реклама —

Неасфалтирани и небезбедни улици, немање на соодветна комунална инфраструктура а граѓаните секојдневно газат по кал на улиците е сликата за општина Шуто Оризари која што ја раскажуваат тамошните жители.

— реклама —

„Недозволиво е во 21 век општина која што се наоѓа во главниот град да има неасфалтирани улици, луѓето да газат по кал, без водоводна и канализациона мрежа, нема тротоари и улиците не се безбедни ниту за возрасните, а уште помалку пак за децата. Едноставно, ова се проблеми кои треба да бидат оставени во минатиот век. И граѓаните со кои секојдневно се среќавам не бараат многу. Бараат нормални услови за

— реклама —

пристоен живот како што заслужува секој еден граѓанин. И должност на секој градоначалник е да го овозможи тоа. Затоа уште од првиот ден после изборите ќе се зафатам со решавање на овие суштински проблеми. Скопје и скопјани немаат време за чекање уште четири години за некој да се сети на нив. Со брзи и ефикасни решенија Скопје ќе биде метропола како што секој од нас посакува и заслужува да живее во нејзе“,

— реклама —

изјави Арсовска по средбата со жителите од Шуто Оризари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања