Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Даниловски јавно се извини: Ми се случи недопустлив превид, жал ми е

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
danilovski

На 22 декември, во организација на непрофитната организација „Кантарот Мк“, во живо се емитуваше панел-дискусија на тема „КОВИД: Две години подоцна“. Јас и тројца мои колеги се обидувавме да ја отсликаме состојбата со КОВИД-19 кај нас. Зборувавме еден по друг и се трудевме, секој од свој агол и искуство, колку е можно попрецизно, да ја доловиме големата слика на пандемијата кај нас и во светот, со сите направени грешки и пропусти, вели епидемиологот Драган Даниловски.

— реклама —

„Обидувајќи се сликовито да го опишам индолентниот однос на Лекарската комора, сосема несвесен што изговарам – употребив несреќна споредба – изустив дека таа „се однесува како да е аутистична“.

— реклама —

Ми се случи недопустлив превид. Сосем неумесно, а во жарот на настојувањето попластично да објаснам кои се причините поради кои потфрливме во справувањето со пандемијата, употребив тежок збор кој на многумина им предизвика болка, немир, револт, гнев.

Немам зборови да го искажам моето длабоко жалење! Не можам да најдам ниту зборови на оправдување за тешкиот пропуст! Затоа што оправдување нема! Штетата е направена, нема назад!

— реклама —

Сакам јавно да им се извинам на членовите на 3дpужението зa поддршка и третман нa лица co aутистичен спектар и атипичен paзвoj „Во мojoт cвeт”, како и на сите семејства што се почувствувале повредени, револтирани, гневни заради тој несреќно избран збор. Немав намера да навредам некого, ниту, пак, свесно ја направив неумесната аналогија.

— реклама —

Навистина ми е многу жал, простете ми што не сакајќи ги повредив вашите чувства“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања