Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Даночни прекршувања од 92.000 евра откриени на туристички бродови на Санторини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Балкан
media-librarybgg3f5qkm3ia2v2OFMj
Photo by Brian Yurasits on Unsplash

Даночни прекршувања поврзани со износ од 92.000 евра откриле грчките даночни инспектори при ненајавени контроли на туристички бродови и катамарани кои организираат крстарења околу Санторини. За утврдените неправилности биле изречени казни во вкупна вредност од 43.000 евра.

Контролите ги спровела Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во рамките на операцијата „Ќе те носам на крстарење 2026“, која била реализирана врз основа на анализа на даночни и статистички податоци.

— реклама —

Инспекторите ги проверувале туристичките бродови при нивното враќање од целодневните и попладневните крстарења, со фокус на издавањето фискални сметки, правилната примена на ДДВ, начинот на плаќање и чувањето на потребната документација.

— реклама —

Од вкупно 26 проверени туристички бродови, кај 12 биле утврдени даночни неправилности. Меѓу нив биле неиздавање или неправилно издавање сметки, неприкажување на потребните документи, наплата во готовина на суми над 500 евра, како и примена на пониска стапка на ДДВ од дозволената.

— реклама —

Од ААДЕ соопштија дека контролите продолжуваат со детална проверка на компаниите кај кои биле утврдени прекршувања. Ќе се врши и вкрстување на достапните даночни податоци, а доколку има потреба, контролите ќе бидат проширени и на претходни даночни периоди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1cv9p39nva4k7KVrbtu

Строги правила на Халкидики: Нема повеќе „резервирање“ место на плажа

Балкан | пред 1 час

media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

Западнонилската треска се шири во Грција: 110 случаи до 12 август

Балкан | пред 3 часа

media-librarylt1a799aolv585K55iG

Туристи со часови чекаат за истата фотографија од Грција: „Дали сите колективно полудевме?“

Трендови | пред 18 часа

media-librarylv26j4tchi4t74mZPi1

(Видео) Двајца загинаа во пожарите на Саламис: Стотици евакуирани, огнот остави пустош

Настани | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања