Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Данска воведува нови мерки против препишување со вештачка интелигенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ
Photo by Emiliano Vittoriosi on Unsplash

Данската влада воведе нови мерки за спречување на препишувањето со помош на вештачката интелигенција во средните училишта. Отсега, средношколците ќе мора усно да ги бранат своите писмени работи, а училиштата ќе бидат охрабрени поголем дел од задачите да се изработуваат под надзор во училница.

— реклама —

Новите правила беа објавени една недела пред почетокот на новата учебна година и стапуваат во сила веднаш. Министерот за образование, Магнус Хојнике, порача дека е неопходна брза реакција поради сè почестата злоупотреба на алатките со вештачка интелигенција.

— реклама —

Покрај задолжителната усна одбрана на завршните писмени работи, училиштата ќе треба да користат алатки за следење на активностите на компјутерите за време на писмените испити и да инсталираат заштитни системи што ќе го ограничуваат пристапот до недозволени содржини.

Третата мерка предвидува учениците што е можно повеќе задачи да ги пишуваат во училиште, под надзор на наставниците, со цел полесно да се следи нивниот напредок и да се обезбеди поправедно оценување.

— реклама —

Во исто време, данската влада подготвува национална стратегија за користење на вештачката интелигенција во образованието. Целта, според Министерството за образование, е AI да биде корисна алатка, но да не ги поткопува знаењето, вештините и способноста на учениците самостојно да размислуваат.

— реклама —

Слични предизвици има и во други земји. Во соседна Шведска, бројот на ученици санкционирани поради недозволена употреба на вештачка интелигенција пораснал за 688 проценти во периодот од 2023 до 2025 година, по што и шведските власти започнаа анализа за можни дополнителни мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

OpenAI повторно на суд: ChatGPT обвинет дека не спречил самоубиство на девојка

Свет | пред 1 месец

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

„ChatGPT“ сега може да креира и уредува презентации во „PowerPoint“

Магазин | пред 2 месеци

ChatGPT

Њујорк сака да им забрани на AI-четботи да даваат правни и медицински совети

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања