Промени тема
Контакт

Дарко Каевски не знаеше да наброи еден капитален проект кој го направија градоначалниците на СДСМ, возврати опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
darko-kaevski

„Дарко Каевски не знаеше да наброи еден капитален проект кој го направија градоначалниците на СДСМ, единствен капитален проект беа 3-те стана и 4 милиони на сметка“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес конференцијата на Дарко Каевски.

Партијата додава:

„Каевски стана најмладиот милионер во Македонија, тој со државна плата стигна до милиони на сметка.

— реклама —

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена имаат направено многу повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години.

— реклама —

1.090 проекти се почнати или завршени во општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Охрид е почнато ново булеварско решени, во Битола се реконструира стадионот, во Аеродром сите градинки добија фотоволтаични кровни конструкции, нова канализациска инфраструктура во делови од Гази Баба и Кисела Вода, во Бутел се уредува кејот на Серава, во Гевгелија се реконструира центар за култура, во Велес и Кавадарци при крај се изградбите на објекти за затворен пазар, во Радовиш е пуштено во употреба основно училиште, во Прилеп се реконструира плоштадот и се врши доизградба на детска градника, во Ѓорче Петров се прави нова канализациона мрежа. Нема општина кај што нема по неколку проекти.

— реклама —

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат за подобрување на условите за живот, допрва следуваат голем број проекти низ сите општини“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања