„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Давеникот пронајден кај Поликастро во Грција се претпоставува дека е исчезнатиот гевгеличанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
minov

Основното јавно обвинителство во Гевгелија денеска информира дека пред три недели од страна на Интерпол било добиено известување дека во водите на реката Вардар кај градот Поликастро во Грција било пронајдено тело на давеник за кое се претпоставило дека е можно да му припаѓа на гевгеличанецот Илија Минов (59), кој пред два месеци од своите блиски беше пријавен за исчезнат. Неговата сопруга препознала делови од облеката и обувките на Минов.

— реклама —

Веднаш по пријавата, неговата сопруга заминала за Солун каде по извршениот увид препознала делови од облеката и обувките кои му припаѓале на нејзиниот сопруг, исчезнатиот инспектор од гевгелиски УЈП Илија Минов, по кого претходно нашите надлежни служби со сите раположиви средства трагаа повеќе од еден месец без резултат.

Од Основното јавно обвинителство во Гевгелија информираа дека според меѓународните протоколи било потребно преку нашето Министерство за правда да се направи споредбена ДНК анализа која со сигурност може да потврди дека се работи за телото на исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања