Деца ги јаваат диносаорусите во скоспката Зоолошка градина. Некои од присутните одат чекор понатаму па ги влечат за опашка. Не изостанува ниту влечењето за заби. Иако од радозналост, ваквите постапки на децата, а одобрени од родителите, можат да говорат за тоа дека забавата во Дино паркот ќе трае кратко.
Реакции за ваквите непримерни постапки имаше уште првиот ден по отворањето на овој дел од Зоолошката градина. Јавањето на диносаорусите е за да се направи фотографија за социјалните мрежи, не водејќи грижа дека може да се оштетат.
Ништо поразлично не е и со другите животни, за кои, од ЗОО Скопје нонстоп упатуваат апели да не се хранат и вознемируваат.
„Скопје Зоо е омиленото ваше место за викенд прошетки Затоа, ве молиме бидете совесни и внимателни со животните. Тие исто како и нас сакаат мир и одмор и да бидат спокојни... Не давајте храна и не ги вознемирувајте“, стои во објавата на ЗОО Скопје непосредно пред викендот.Во Зоолошката градина, по првиот ден, службите обезбедија и поголем број на редари. Но очигледно, ниту тие не можат да ја сопрат некултурата на посетителите.