Децата учат од фотокопирани скрипти, во дел од училиштата нема „смарт“ табли, ниту таблети. Ова се реакциите на родителите кои се принудени на нивните деца во прво и четврто одделение да им прават копии од учебниците за да можат да го проучуваат материјалот. Премиерот Зоран Заев, вели дека се следи процесот на дигитализацијата кој е започнат, за проблемите тврди дека се разговара и дека училиштата ќе се опремат.
„Постојано го следиме целиот овој процес и носиме одлуки како да ги доопремиме училиштата. Ќе посветиме ресурси и внимание. Сакаме да ги научиме да видат што значи тоа што го учат. Учебникот е едно од помагалата за да се научи темата. Треба нашите деца да го фатат патот со останатите деца. Кога ги пробивате првите стапки во снегот, треба сите да сме посветени“, рече Заев.
Од септември започна со применување на новата концепција за основно образование, со која во прво и четврто одделение наместо хартиени учебници, учениците учат од паметни уреди.