Дечиња од градинка во Чаир заразени со бактеријата ,,МРСА‘‘

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
bakterija

Бактеријата ,,МРСА‘‘ се потврди по контралата направена во градинка и училиште во општината Чаир. Според информациите од ДСЗИ, бактеријата е пронајдена кај од  големата група во градинката ,,Снегулка‘‘ и едно дете од второ одделение во учиштето ,,Панајот Гиновски‘‘.

— реклама —

Сите дечиња се на домашно лекување, а ќе се вратат во образовните институции откако ќе биде потврдено дека ја немаат бактеријата.

Инаку ,,МРСА‘‘  е бактерија од групата на стафилококни бактерии и е отпорна на повеќе антибиотици.

— реклама —

Една таква бактерија е и MRSA или Метицилин резистентен стафилокок. Станува збор бактеријата Staphilococcus aureus која развила специфична отпорност на почеток на дејството на пеницилинот, а потоа и на делувањето на антибиотикот метицилин и слични антистафилококни лекови кои припаѓаат на групата бета-лактамази.

Оваа бактерија често се наоѓа на кожата и слузниците на човекот. Бактеријата кај здравите лица не предизвикува никакви симптоми и тие се само преносители на бактеријата. Бактеријата може да се пренесе преку физички контакт, преку кожата или пак преку кивање или близок контакт со преносителот, пишува Рак.мк.

Иако бактеријата кај здравите луѓе со јак имунитет не предизвикува болест, таа може да предизвика сериозни инфекции кај лицата со намален имунитет и со оштетена кожа или слузници. Доколку продре под кожата или во телото, може да предизвика сериозни заболувања како: гнојни инфекции на кожата, воспаление на дишните патишта, пневмонија.

За да се заштитиме од инфекцијата со оваа форма на стафилококна бактерија, секако треба да водиме сметка за правилната и редовна лична хигиена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања