Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Дечињата со оштетен вид добија пакетчиња од Општина Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
DSC00618

Големо предновогодишно дарување се одвиваше денес во ДУРМДОВ “Димитар Влахов”. Дечињата со оштетен вид добија пакетчиња од Општина Кисела Вода, од Амбасадата на Република Бугарија во Македонија и од хуманитарното здружение Св. Спас. Нив им ги доделија градоначалникот Ѓорѓиевски, бугарскиот амбасадор Ангел Александров Ангелов, отецот Оливер, како и Претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Иван Живковски, пратеничката од Кисела Вода Бети Стаменкоска-Трајкоска и претставници од бугарската амбасада, кои ја следеа музичката програма подготвена од овие ученици.

— реклама —

-Големо е моето задоволство што денес имам можност да присуствувам на новогодишната приредба на учениците од ова училиште. Заедно со бугарскиот амбасадор во Македонија и со отецот Оливер, на кои во овој момент би сакал да им се заблагодарам, обезбедивме донација, новогодишни пакетчиња кои се надевам дека ќе донесат радост кај учениците и ќе ја подигнат празничната атмосфера. Воедно, како нов градоначалник на Општина Кисела Вода, каде е лоцирано самото училиште, сакам да упатам јасна порака дека преку моето делување ќе направам значајни чекори во насока на промовирање на еднакви можности за секој поединец, во подобрување на социјалната инклузија на лицата со визуелно нарушување и дека тие можат да сметаат на сеопфатна поддршка од локалната самоуправа-потенцираше градоначалникот Ѓорѓиевски во своето обраќање.

— реклама —
— реклама —

Честитки и желби за успешна Нова година упатија и другите присутни. Настанот беше збогатен со презентација на активностите кои ги имаат сите струки од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања