Промени тема
Контакт

Дефект на мамограф во Штип, прегледите се организираат во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryd7qenjqb96e78V5Og1M

Министерството за здравство информира дека поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација за непречено спроведување на мамографски прегледи за жените од источниот регион.

Со договор меѓу директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани, мамографските прегледи ќе се изведуваат во Кочани, додека снимките ќе се анализираат во Штип.

— реклама —

Пациентките кај кои е потребен дополнителен ехо-преглед ќе бидат упатувани во Штип. Од институциите наведуваат дека се прават напори за набавка на нов мамограф за Штип, по проценка дека постојниот не може да се поправи.

— реклама —

Од болниците истакнуваат дека со новата организација ќе се обезбеди континуитет на услугата и околу 100 пациентки месечно ќе добијат преглед. Во Кочани ќе бидат отворени повеќе термини и втора смена за да се зголеми достапноста на услугата за жените од целиот источен регион.

— реклама —

Министерството за здравство нагласува дека останува посветено на обезбедување навремена и достапна здравствена заштита и дека институциите се координирале за да се надмине привремениот проблем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Поради неисплатени додатоци, над 1.800 здравствени работници ги тужат болниците

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања