Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Дефектолози и логопеди во училиштата во Центар, ветува Герасимовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
WhatsApp-Image-2021-10-08-at-20.52.20-1

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата вчера заедно со потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и министерка за образование и наука одржа средба со граѓаните од Буњаковец. Герасимовски зборуваше за заложбите на партијата и важноста од квалитетното образование како и за идните мерки на општината кои се поврзани со подобрување на образованиот процес.

„ Во ООУ „Кочо Рацин“ и во ООУ „Кирил и Методиј“ следува реконструкција на покривот, фасадата и фасадната столарија со што сите училишта во Центар ќе бидат целосно надворешно заштитени и енергетски ефикасни. Во ООУ „Кочо Рацин“ ќе го реконструираме и потпорниот ѕид. Имајќи предвид дека сите училишта во нашата Општина се инклузивни, во периодот што следува ќе работиме на вработување стручни лица дефектолози и логопеди кои навистина ќе им помогнат на учениците на кои им се потребни да добијат квалитетно образование“, рече Герасимовски.

— реклама —

Тој исто така најави дека општината ќе го продолжи процесот на дигитализација преку набавка и инсталација на современи електронски уреди со што ќе се овозможи современ модел на настава. Герасимовски најави и реконструкција на објектот „Кукушка“ во рамките на ЈУДГ „13 Ноември“ и објектот „Панорама“ во рамките на ЈУДГ „Кочо Рацин“, со што сите објекти на градинките во Општина Центар ќе бидат модерни, современи и во

— реклама —

согласност со потребите на генерациите на претшколски деца.

— реклама —

Општината исто така ќе продолжи континуирано да работи на партерно уредување на училишните дворови, на лабораториите за физика и хемија, во опремување на музичките кабинети, сензорни соби за деца со попреченост, дигитализација и збогатување на библиотечниот фонд во училиштата со детска и стручна литература како и осветлување на дворовите и пристапите до училиштата и градинките.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања