Поради дефект на приклучна цевка Ф-5/4 на улицата „Лермонтова“ број 16, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците на улицата „Лермонтова“ во општина Центар.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот започнува во 08:30 часот и ќе трае до санирање на дефектот.