Корисниците од улицата 1409 и индустрискиот дел во населбата Ѓорче Петров утре ќе останат без вода поради изведување водоводен приклучок.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е планиран за 24 август 2026 година, поради изведување водоводен приклучок Ф-300 милиметри на улицата 1409 бр. 9.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот и ќе трае до завршување на активностите.