Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
media-libraryccbvsdjasemia8W2AvY

Граѓаните кои викендов ќе патуваат кон грчките туристички места, особено кон Халкидики, треба да бидат подготвени за изменет режим на сообраќај и можни подолги задржувања во близина на Солун.

— реклама —

Грчките власти информираа дека поради градежни зафати за изградба на нов надвозник, дел од обиколницата околу Солун привремено ќе биде затворен за сообраќај во двата правци.

Според најавите, коловозот во западниот правец, односно кон центарот на Солун, нема да биде во функција од петок, 26 јуни, од 23 часот, па сè до недела, 28 јуни, до 23 часот.

— реклама —

Во истиот период ќе биде затворен и источниот правец, кој води кон аеродромот и туристичките места на Халкидики.

— реклама —

Дополнително, надвозникот што ги поврзува Пилеа и Панорама ќе биде затворен од сабота, во 05 часот наутро, до недела, во 23 часот.

Во текот на ограничувањата, возачите ќе бидат пренасочувани по алтернативни сообраќајници низ урбаното подрачје на Солун, поради што се очекува зголемена фреквенција на возила и создавање метеж, особено во шпицот на туристичката сезона.

— реклама —

Надлежните служби препорачуваат патниците навреме да го испланираат своето патување, да се информираат за алтернативните рути и да предвидат дополнително време за патување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања