„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Дел од пожарите се подметнати, за тоа нема дилема ниту командантот на пожарната во Скопје!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
simonovski-3

Сите пожари во скопскиот регион на кои се интервенираше вчера се изгаснати. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во текот на вчерашниот ден имала 29 дојави за пожар од кои е интервенирано во 22 случаи, а седум дојави биле лажни.

— реклама —

– Не се памети ден како вчерашниот. Досега не сме имале 22 интервенции за помалку од 24 часа. Првата дојава беше околу 10 часот, а последната во 21:45 часот, вели во изјава за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Состојбата во поранешната фабрика „ОХИС“ е стабилна, а денеска е изгаснат и пожарот над Сарај кон „Јасен“.

— реклама —

Оценките на пожарникарите се дека дел од пожарите се подметнати.

– Нашите досегашни искуства покажуваат дека дел од пожарите се подметнати, вели Симоновски.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во моментот има една екипа испратена во пехчевско-делчевскиот регион.

Секаде каде била побарана помош, како што изјави Симоновски, биле испратени екипи притоа водејќи сметка да не се доведе во прашање безбедноста на граѓаните во Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања